Весна Змијанац итно пренесена во болница

Популарната пејачка Весна Змијанац денес заврши во Ургентниот центар во Белград откако ненадејно и се слошило.
Таа беше пренесена во болница со брза помош, и моментално е под надзор на лекари.
Весна самата се јавила во Итната помош, која брзо реагирала и ја однела во здравствена установа, а музичката ѕвезда моментално се чувствува добро.
Змијанац и претходно имала кардиоваскуларни проблеми, за кои веќе била лекувана. На Весна ѝ бил поставен бајпас во април 2023 година, но музичката ѕвезда се вратила на сцената по неколкумесечно закрепнување на нејзиниот имот во Букуља.
Патем, ова не е единствениот здравствен проблем со кој се соочила Весна во претходниот период. Пејачката имала и проблем со тироидната жлезда, за што отворено зборувала.
„Се борам со тироидната жлезда веќе 15 години, но живеам со неа. Многу жени ја отстраниле, но јас се плашам од операција.
Немам причина да одам под нож бидејќи не е ништо страшно. Ако одлучам на тој чекор, подобро би се согласила да ме оперираат во Србија отколку во странство.
Повеќе им верувам на нашите лекари, тие се некако пријателски настроени кон пациентите“, рече таа во интервју за локален медиум.