Важно! Се огласија од УЈП: Ако скенирате сметки, ова треба да го знаете

Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека исплати 175,3 милиони денари кон 112.000 корисници на апликацијата МојДДВ за скенирани сметки во првото тримесечје од 2025 година.
Kако се обработуваат налозите така се исплаќаат средствата на сметките на корисниците на МојДДВ.
Напомeнуваат дека според евиденцијата на Управата за јавни приходи 4.724 корисници кои скенирале фискални сметки имаат наведено погрешна трансакциска сметка и поради таа причина УЈП не е во можност да го реализира повратот.
Апелираме сите корисници кои во претходните исплати немаат средства на сметките да направат проверка на податоците за трансакциските сметки, доколку увидат неточни податоци за трансакциската сметка истите може да ги сменат директно во апликацијата.
На тој начин Управата за јавни приходи ќе има точни податоци за корисникот и ќе може да изврши исплата на поврат по основ на МојДДВ.