Вести

Важно известување за пензионерите од Општина Бутел

Advertisement

Општина Бутел продолжува со својата заложба за подобрување на животниот стандард на своите повозрасни жители, воведувајќи за прв пат еднократна финансиска поддршка за најранливите категории пензионери.

Градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски истакнува дека висината на еднократната финансиска поддршка ќе изнесува 2.000,00 денари и ќе биде по принципот „прв дојден – прв услужен“, се до исцрпување на средствата предвидени за таа намена.

Advertisement

Тој на својата фејсбук страница ги извести пензионерите дека јавниот повик за доделување на финанскиска поддршка е продолжен до 13 јули и границата за финансиска поддршка од 18.192 денари е покачен на 21.909 денари.

Почитувани пензионери ве известуваме дека јавниот повик за финансиска поддршка е продолжен до 13.07.2025.

Право на финансиска поддршка ќе остварат:

Advertisement

Граѓани кои имаат постојано живеалиште на територија на Општина Бутел

Приматели на старосна, семејна или инвалидска пензија чијшто износ не е повисок од 2️⃣1️⃣.9️⃣0️⃣9️⃣ денари.

Јавниот повик е отворен од 19.06.2025 до 13.07.2025 година.

Потребната документација може да се достави секој работен ден во просториите на Општина Бутел, од 09:00 до 15:00 часот.

Исплатата ќе биде на принцип “прв дојден – прв услужен”.

Продолжуваме со грижата за нашите најстари граѓани!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button