Бизнис

Важно известување за Македонците во Германија: Еве што спрема федералната влада

Advertisement

Електронското плаќање, било со картички или преку други технологии, би можело да стане задолжително во сите продажни места во Германија, пишува „Welt am Sontag“.

Целта, велат, е борба против даночното затајување.

Advertisement

Според извештајот, Унијата (CDU/CSU) и Социјалдемократската партија на Германија (СПД) планираат да ги обврзат трговците да прифатат барем една форма на електронско плаќање покрај готовината.

„Ние се залагаме за вистинска слобода на избор кога станува збор за плаќање“, рече финансискиот политичар на СПД, Микаел Шроди.

Планот е оваа обврска постепено да се воведува, а тоа е предвидено и во нацрт-договорот на работната група за буџет, даноци и финансии како дел од коалициските преговори. „Сакаме во принцип да се понуди готовина и барем една опција за дигитално плаќање“, се наведува во документот.

Advertisement

Според СПД, оваа мерка треба да стане дел од коалицискиот договор. Од Унијата досега само потврдија дека има планови во таа насока.

Шроди појасни дека целта е, исто така, поефективно спроведување на даночните закони: „Сакаме да се бориме против даночните измами во секторите богати со готовина како што е угостителството и да ги заштитиме чесните претприемачи“, рече тој за Велт ам Зонтаг.

Покрај електронското плаќање, Шроди се залага за општата обврска за користење на фискални каси. Мора да заврши времето на каси без евиденција“, рече тој.

Германското здружение на хотелиери и ресторани (Дехога) предупреди дека оваа мерка може дополнително да ги оптоварува претприемачите.

Од друга страна, Унијата на германските даночни обврзници го поддржа предлогот. „Ако сите плаќаа со картички, даночните приходи значително ќе се зголемат“, рече претседателот на синдикатот Флоријан Кеблер.

Според проценките, во секторите каде сè уште доминантно се користи готовината, државата губи меѓу 10 и 15 милијарди евра годишно од данок на промет и добивка. Вкупната годишна загуба, вклучувајќи ги неплатените придонеси и даноците на доход поради нелегална работа, може да достигне 70 милијарди евра.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button