Следува период на променливо облачно и постудено време, до четврток со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини особено во ноќта кон вторник ќе има услови за појава на повремен снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура утре ќе се движи во интервал од -5 до 4, а максималната од 7 до 14 степени.
Во Скопје минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 13 степени.
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на планините и на некои повисоки места од снег. По котлините ќе има услови за појава на магла.
Снегот кој од утринава паѓа во делови од централните, источните и од североисточните предели од Македонија, ќе продолжи до крајот на денов, а ќе го има и во текот на ноќта кон утрешниот ден (вторник), објави Славчо Попоски
Врнежите ќе бидат претежно со слаб до умерен, локално и со умерен интензитет. Снег ќе врне понекаде и во градовиоте во североисточните делови од Македонија.
Се очекува формирање на нова снежна покривка со висина од 1 до 5 cм, локално и до 10 cм снег. На повисоките места снежната покривка би можела да биде и поголема.
И во деновите кои се пред нас ќе имаме уште постудено време, исто така ќе има нови повремени врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините ќе врне снег. Повторно можна е појава на повремен снег понекаде и на местата со помала надморска височина (во населените места).