УТРЕ СЕ ПРАЗНУВА ГОЛЕМИОТ СВЕТЕЦ – според верувањата не смеете да ги правите овие работи
Утре е 20 јануари (според стар стил) и се слави Преподобен Ефтимиј Велики.
Свети Ефтимиј потекнуваше од ерменскиот град Мелитин.
Се роди во 377 година. Како син измолен од Бога од родители кои долго време немале деца, тој уште од детството му беше посветен на Бога. Подоцна, за време на едно поклоничко патување во Ерусалим, реши да го земе на себе монашкиот подвиг и се насели во Фаранската лавра.
Животот го исполни со подвизи и богомислие и достигна толкава духовна висина, што не можеше да се скрие од луѓето. Зашто, како што рече Христос: може ли да се скрие град на врвот од планината? Се упокои во 473 година со овие зборови на усните: Пред се имајте љубов меѓу себе си, зашто љубовта за добродетелта е тоа што е солта за хранат.
Преподобен Ефтимиј Велики и денеска се смета за заштитник на слаби и несреќни луѓе. Се смета дека голем грев е на денешен ден да избркате просјак од прагот или да одбиете да пружите помош некому кој тоа го бара. Ако тоа го направите, ќе го навредите светецот, а потоа животот ќе го поминете без негов благослов и ништо нема да ви оди од рака.