Реклама
Вести

УТРЕ ПОЧНУВА БОЖИКНИОТ ПОСТ – ова се зборовите кои треба да ги кажете

Реклама

Проштевам и проштевај- ова се двата збора кои утре на секој треба да му ги кажете.

Кој треба да разбере, ќе разбере – таа личност ќе знае дека сте и простиле се што ви сторила, а во исто време сте побарале да ви прости.

Верниците од утре до 6 јануари в година треба да се воздржуваат од лоши мисли и храна. За православните христијански верници, кои се водат според стариот Јулијански календар утре почнува шестнеделниот Божикен пост.

Маркетинг
pexels

Постот ќе трае 40 дена, односно до Божик 7 јануари – денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божик не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември, а завршува на Бадник, 6 јануари.

Христијанскиот пост е воведен по примерот на Исус Христос, кој 40 дена поминал во пустина во пост и молитва. Постот претставува духовна и телесна подготовка на човекот за влез во тајната на претстојниот празник.

Маркетинг

Божикниот пост е втор по должината на траењето, веднаш по велигденскиот. Во однос на „строгоста“ за употреба на храна Божикниот пост е „поблаг“, бидејќи дозволува користење на вино, зејтин и риба. Строгиот пост на вода се налага во првата и последната недела, како и секоја среда и петок.

pexels

Во Православната црква практика е во текот на Божикниот пост верниците да се исповедаат и по можност да се причестат за да бидат што подостојни во подготовката за празнување на Христовото раѓање – Божик. Целта на постот е да се „исчистат“ духот и телото, што се постигнува не само со воздржување од мрсна храна, туку и од лоши мисли, зборови и дела. За време на Божикниот пост посни се и сите славски трпези.

Божикниот пост, како и другите повеќедневни постови, датира од првите векови на христијанството и се споменува во делата на светите лица од 4 и 5 век.

Првобитно постот траел седум дена, а одлуката христијаните пред празникот – раѓањето Христово да постат 40 дена донесена е на Собор во 1166 година.

Траењето на божикниот пост се објаснува и со четириесетдневното патување на тројцата мудреци до витлеемската пештера во која на 25 декември е роден богомладенецот Исус.

Затоа се вели дека постот е ѕвезда водилка за сите кои христијанството го одбрале за своја вера, како што за мудреците кои верувале во пророштвото за раѓањето на Спасителот, еднствена водилка била најсветлата ѕвезда на небото која се движела од Западот кон Истокот и која ги довела во Витлеем.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button