На втор ден Божик, според Јулијанскиот календар, се одбележува уште еден голем празник – Собор на Пресвета Богородица.
На вториот ден од Божик христијанската Црква ѝ оддава слава на Пресветата Божја Мајка, која што го роди Господ и Спасителот наш Исус Христос.
Кога стана успението на пресвета Богородица ангелите и апостолите на облаците се собираа и, Тома наречен бизнак. Сета Индија ја уверија во тој час, три илјади луѓе, и не сакаше да дојде дури не го увери сиот народ. Зеде облак светол и тој го донесе, и ја сретна света Богородица што се носеше на облаците и во рајот влегуваше.
Црквата утврдила веднаш после големите празници да се слават и учесниците во настанот што се празнува. Затоа денес се слави Пресветата Богородица. Зашто најчистата утроба на Марија беше единствена способна да го прими оној кој го надвишува се она што е создадено. Во таа смисла Црквата ја нарекува Девица Марија врата на спасението.
Обичајот вели дека на втор ден Божик треба да се каже следната молитва за да владее мир во куќата цела година и сите да бидат здрави:
„Со твоето раѓање, Христе Боже, осветли ја светата светлина на спознанието Божјо, зашто во таа светлина оние што им служат на ѕвездите се научени да Ти се поклонуваат, Сонцето на правдата, и да Те спознаат од височините на истокот, Господи. Слава Ти!“
Обичајот вели дека куќата не се чисти бидејќи во православието Божик се слави три дена. А на третиот ден, 9 јануари, се празнува споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан.
На овој светол празник, во никој случај не треба да се расправате со никого. Според народните верувања оној кој не ја почитува оваа забрана може да добие здравствени проблеми.
Овој ден подобро е да не организирате чистење дома, да не перете и да не метете се верувало дека така ќе си ја „изметете“ (однесете) среќата. Но, императив е да се ослободите од ѓубрето и скршените работи во домот. Тогаш во животот ќе има место за среќа, верувале прапрабабите.
Тие исто така предупредија: ако врзете нешто (конци, јажиња и сл.) на 8 јануари, можете да ги „збуните“ сите ваши планови. Затоа, на овој ден подобро е да избегнувате да носите чевли со врвки, облека со врвки и слично.
Народот 8 јануари го нарекол и Ден на акушерките. Затоа, на овој ден, бремените жени и акушерките треба да се третираат со посебна почит.
На 8 јануари е забрането да бидете алчни, не треба да ги карате децата, а во куќата треба да има многу радосни и задоволни луѓе. Тогаш целата година ќе помине добро и со радост, верувале нашите претци.
Ако првиот ден на Божиќ е наменет за посета на семејството и на најблиските, на вториот ден од Божиќ најчесто се посетуваат пријателите, кумовите и соседите.
Во некои краеви се верува дека на денешен ден не смеете да ги бркате тие што ќе ви дојдат ненајавени, туку треба да ги примите и да ги нагостите.