УТРЕ Е ГОЛЕМ ПРАЗНИК: Направете го ова за да ги избркате злото и несреќата од вашиот живот
На 25 ноември православните верници го слават празникот посветен на Свети Јован Милостив – светецот на добрината, како што симболично го нарекуваат. Свети Јован Милостив бил Александриски патријарх кој живеел кон крајот на шестиот и почетокот на седмиот век.
Роден е на Кипар во кнежевско семејство. Од детството бил воспитуван како христијанин. Подоцна, по желба на родителите, се оженил и имал деца.
Но, семејниот живот не му пречел непрестано да напредува во доблесниот живот. Кога му умреле жената и децата, бил избран за патријарх во Александрија.
Ја управувал оваа Црква десет години. Од сите доблести, посебно го одликувала милостивоста, заради што и бил наречен милостив.
Се успокоил на Кипар, во своето родно место, во 620 година. Неговите чудотворни мошти биле пренесени во Цариград, па дури во Будимпешта, и најпосле во Пресбург.
На овој ден се смета дека треба да биде милостиви кон секој кој ќе побара помош.
Доколку сте во конфликт со некој, или сте лути на некој кој ви нанел зло, простете му. Се верува дека кој ќе прости, ќе му се врати двојно.
Денес постои обичај да склучите мир со луѓето со кои сте во конфликт и да им простувате на оние кои ве повредиле – тоа ќе биде лек за вашата душа. Се верува дека простувањето носи повеќекратен просперитет и среќа.