Верниците на нашата православна црква утре празнуваат божикни поклади, со кои се најавува големиот Божиќен пост.
Денот пред почетокот на Божикните пости е наречен Божикни поклади.
Постите се период кој му претходи на празникот Рождество Христово – Божик. Постот од 40 дена според црквата се нарекува и Филипов пост, бидејќи започнува по 27 ноември – Денот на споменот на Апостол Филип.
Божикниот пост е востановен за верниците да можат во пресрет на Рождеството Христово, да се исчистиат себеси со покајание, молитва и пост, и со чисти срца, душа и тело, благоговејно да го пресретнат Синот Божји што се јави во светот, принесувајќи му го, наместо обични дарови и жртви, чистото срце на верниците и желбата за последување на Неговото учење.
Правилата на воздржание, пропишани од Црквата во Божикниот пост се исто како и за Петровденскиот пост.
Во времето на постот се избегнуваат месото, путерот, млекото, јајцата, сирењето. Освен тоа, во понеделник, среда и петок во Божикниот пост не се јаде риба, вино и масло и дозволено е само примање на храна без масло.
Во останатите денови – вторник, четврток, сабота и недела разрешена е храна со растително масло.
Рибата за време на Божикниот пост е дозволена во саботите и неделите, како и на големите празници, каков што е празникот Воведение во храмот на Пресвета Богородица, а исто така и на храмови празници и деновите на големите светии, но само доколку тие празници се паднат во вторник или четврток. Доколку празникот се падне во среда или петок се разрешува на вино и масло.
Од 2 до 6 јануари постот се засилува и во тие денови, дури и во сабота и недела рибата не е благословена, препорачуваат црковните правила.
Божиќните поклади се национален празник чии корени се пагански и поврзани со празнувањето на култот на Сонцето. Како и празникот на крштевањето, во христијанската традиција е прифатено и славењето на заштитникот на огништето.
Така денес покладите најмногу се поврзуваат со почетокот на христијанското празнување на некој пост во текот на годината. Божиќните поклади паѓаат во пресрет на почетокот на Божиќните пости.
Народни обичаи на Божиќните поклади
Покладите се ден на простување и радост, па пожелно е да се помириме со сите со кои сме се скарале, за постот да го започнеме „исчистени“.
За нив се карактеризираат и маскирани поворки, најчесто млади луѓе, кои поминуваат низ улиците, пеат, ѕвонат и прават врева за да ги избркаат злите сили. Маскирани поворки, популарно се познати кај народот, и на нив им подаруваат месо, сланина, колачи…
Се палат големи обредни огнови „олалије“ кои ритуално се прескокнуваат или околу нив се игра круг за инат на злото.
Луѓето во некои делови кај нас веруваат дека на овој празник вештерките и останатите демони посебно се собираат и окупираат околу покладната вечера околу куќата.
Затоа по вечерата врзуваат синџири во куќата, ги фрлаат лушпите од поединечните јајца во оган, ги тријат табаните со лук, а децата пред спиење облекуваат превртени пижами и маици.
Додека го прават тоа, ги кажуваат следните зборови: „Вештерка како конец, во мене заби како колец“.