Вести

УХМР најавува пресврт од утре – дожд, грмежи и засилен ветер

Advertisement

Времето денес, сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 39 степени.

Advertisement

Утре, во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни.

Потоа во следните два дена ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност.

Поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, в петок времето ќе биде променливо облачно, малку посвежо и ветровито со услови за локален дожд.

Advertisement

Во деновите од викендот ќе биде стабилно со пораст на дневната температура.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button