“ТОА НЕ Е ВИСТИНА!” Вујкото ја демантираше големата заблуда за исчезнатата Данка Илиќ: Ова е вистината

Откако се појави видеото од девојче снимено во Виена, во придружба на две жени, кое наликува на исчезнатата Данка Илиќ, за српскиот Курир проговори дедото на Данка.
– Не знам ништо, додека не биде официјално објавено, не можам многу да кажам околу тоа – кратко рекол дедото, а на новинарското прашање дали знае за што точно станува збор, како и дали го видел објавеното видео, рекол дека не го ни видел.
И вујкото на девојчето ја коментирал снимката.
– Го видов видеото. Додека 100% не се утврди дека е Данка, не ми е полесно… Видеото е премногу матно – изјавил за Блиц вујкото Стефан Драгомировиќ.
Вујкото на Данка Илиќ, Стефан Драгомировиќ, во првата голема исповед за исчезнувањето на неговaта внука откри детали за девојчето, нејзиното однесување, растењето и на тој начин негираше голема заблуда за неа – девојката знае да оди, а на денот на нејзиното исчезнување трчала низ дворот.
– Многу е мирна, им верува на луѓето, ретко плаче. Данка едвај зборува, знае само некои основни работи. Загрижени сме за неа, но не губиме надеж дека е жива – вели вујкото на девојчето.
Според него, Данка може да оди. Денот кога исчезна, трчаше низ дворот.
– Сестра ми Ивана ги носеше децата да си играат во нашиот двор, сето тоа се случи непосредно пред исчезнувањето – вели тој.