Реклама
Вести

Теодора и Константин со ќеркичката Софија загинаа во страшна несреќа: Автомобилот целосно изгоре

Реклама

Целото семејство, татко, мајка и ќерка загинаа во страшна несреќа додека патуваа од Германија во Романија за празниците.

Константин (36), кој управувал со автомобилот, во еден момент почнал да претекнува, се излизгал и удрил во цистерната. Откако удриле, автомобилот веднаш се запалил и тие не успеале да се спасат.

Кобниот удар го снимиле надзорните камери. На видеото се гледа како Константин се обидува да го претекне автомобилот, но поради пребрзо возење изгубил контрола над возилото.

Маркетинг

Во автомобилот со него биле и сопругата Теодора и малолетната ќерка Софија.

Маркетинг

“Веднаш избувна пожар. Повикав помош. Пожарникарите и полицијата дојдоа многу брзо”, рекол возачот кој се нашол на местото на несреќата.

Семејството се преселило во Германија пред шест години, каде што продавале автомобили. Тие дојдоа во родната Романија за празниците, а трагичниот ден патуваа кај родителите на Теодора.

Тие починале на два часа оддалеченост од нивниот дом во Јаши.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button