CelebrityНаши ѕвезди

„Моја сродна душо, ми вети дека ќе ме чекаш, злато мое“ – Теа Трајковска со скршено срце се прости од Панчо

Advertisement

Македонската пејачка Теа Трајковска, која беше една од најблиските пријателки и соработнички на Владимир Блажев – Панчо, се прости од него со потресна порака објавена на социјалните мрежи. Панчо, еден од најпрепознатливите членови на дуото ДНК, на 14 октомври ја изгуби битката за живот по седум месеци болничко лекување од тешките повреди здобиени во пожарот во Кочани.

Нивната музичка соработка започна со песната „Рушевини“, а од тој момент меѓу нив се роди искрено пријателство кое траело со години. Теа во својата објава сподели неколку заеднички фотографии и упати зборови што го растажија целиот јавен простор.

Advertisement

„My ride or die, my soulmate, my family, my homie, моја најголема поддршка во сѐ, мој ментор и најдобар пријател, мојот омилен човек на земјата, а сега на небото.

Привилегија и благослов е што те имав во овој живот и што си толку битен дел од него, што те знаев во срж и благодарна сум на секој збор и наш момент, на нашиот последен разговор, на сѐ што научив од тебе, на секој спомен што ми го остави.

И да знаев дека волку ќе болиш еден ден, пак не би сменила ништо и би одбрала да си мој најблизок човек во патувањево.

Advertisement

Овие седум месеци ти ми беше единствениот зрак надеж и светлинка, а вчера со тебе замина и дел од мене, Влатче.

Нема да постои ден кога нема да ми недостигаш, ама таа твоја душа и тоа твое срце не беа за овој свет, а Бог ги сака покрај себе таквите како тебе.

Знам само дека не заслужи ништо од ова, ама и дека си на подобро место каде што не страдаш и не се мачиш повеќе.

До следното видување злато мое.

Ми вети дека ќе ме чекаш ако ме претркаш, а до тогаш знам дека ќе ме чуваш од горе.

Колку те сакам знаеш и ќе си знаеш засекогаш каде и да си.

Широко небо Владе мој. Тесно беше тука за тебе“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by THEA (@theatrajkovska)

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button