Реклама
Вести

Taжна вест го потресе регионот – почина легендарниот пејач

Реклама

Легендарниот хрватски пејач Борис Ќиро Гашпарац почина на 80-годишна возраст во Загреб.

Гашпарац бил познат изведувач на тамбурашка музика, а починал во загрепската болница Ребро по мозочен удар.

– Тато живееше до последен момент, без никаков знак дека нешто не е во ред. Живееше максимално работејќи го она што најмногу го сака, а тоа е музиката. Иако имаше 80 години, тој сè уште пееше, свиреше на гитара и снимаше музички спотови. Тој беше уметник во вистинска смисла на зборот.

Маркетинг

Многу ќе ни недостига. Погребот ќе се изврши во крематориумот „Мирогој“ во вторник, на 28 јануари во 13 часот и 20 минути – изјавија од семејството за „Загреб.инфо“.

Маркетинг

Ќе остане запаметен по бројните хитови на тамбурашката музика, меѓу кои се издвојуваат “Da sam imo šaku dukata”, “Idem, idem ej živote”, “U srce te dira”, “Leina”, “Imao bi da sam šparo”, “Ako vidiš majku moju” и многу други.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button