Реклама
Вести

Taжен ден за Драгица Стевковска Дракче – се прости од драга личност

Реклама

Почина легендарната ТВ спикерка Снежана Липковска, доајенот на македонското спикерство. Поседуваше фантастичен радиофоничен глас, продорни крупни зелени очи, совршена дикција, шарм, ненаметливост, интелект и стил.

Со децении владееше на тв екраните, особено во текот на 70-те и 80- те години, на тогашната ТВ Скопје, а подоцна и на Македонска радио и телевизија (МРТ). Водеше најразлични емисии како и централниот ТВ Дневник и немаше кој не ја познава, а беше и добро позната и во тогашна Југославија.

Снежана Липковска не може да се заборави така лесно. Спикерството и беше заштитен знак и од неа учеа генерации нејзини наследници.

Маркетинг

Знаеше како да се носи со славата и беа отворени сите врати, а таа осмислуваше и реализираше ТВ проекти и интересни стории кои се гледаат и прераскажуваат и денес.

Маркетинг

Работеше и како новинар, а исто така се занимаваше и со документаристика. Во 2015 година издаде и книга, збирката новели „Хотелски стории“. Поседуваше ведар дух, одличен стил, културно однесување и харизма.

Oд неа се прости и познатата водителка Драгица Стевковска Дракче.

Беше посебна ,можеше да се учи од тебе за спикерство и добрина.. Ти благодарам за секој миг споделен со мене со искреност и љубов..

Почивај во мир драга Снеки.

Снежана Липковска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button