Реклама
Вести

Таткото на Фросина најави уште помасовни протести: Судијката што го ослободила Васил за дрога, е крива колку него

Реклама

Тодор Кулаков таткото на загинатата Фросина во вечерашното гостување на Телевизија Сител со солзи зборуваше за кобната ноќ.

– Нашиот стан е во Дебар маало, тоа е на 200 метри, девојчето излезе со кучето како што тоа и го правеше секоја вечер. Додека седевме дома ја слушнавме брзата помош, викотници, неколку полициски возила, веднаш зедов телефон да и звонам на Фросина, не одговара, звонеше и мајка и, пак не се јави. Не треба ако дете не ти одговара не телефон да знаеш дека нешто се случило, раскажува Кулаков.

Кулаков најави и нови протести и тоа многу помасовни пред институциите. Рече дека бараат максимална казна за момчето кое го прегази нивното девојче, ги наброја сите дела по кои би требало да одговара а тоа, според него значи дека треба да добие доживотен затвор.

Маркетинг

Toj изјави дека судијката Даниела Алексовска Стојановска била подеднакво виновна за смртта на ќерка му, колку и возачот Васил Јованов, кој ја прегази додека бил пијан и поминал на црвено.

Побара одговорност и за родителите на Васил, вели дека токму ваквото заташкување на случаевите доведува до тоа да се создаваат вакви монструми.

Маркетинг

Тодор Кулаков кога беше запрашан што би им рекол доколку ја сретне судијката или пак родителите на Васил или пак лично момчето, тој само порача „не би сакал да ги сретнам“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button