Нега и здравје

Прочитајте ги ТАЈНИТЕ на луѓето кои никогаш не се разболуваат

Постојат луѓе коишто никогаш не се разболуваат, а еве го поголемиот дел од нивните тајни.

Советите на луѓето кои никогаш не се разболуваат можат да ви помогнат особено сега, кога е време на вирози кои што се присутни на секаде, пишува „health.com“, а пренесе хрватскиот Дневник.

Масажа

Со масажа можете да го намалете чувството на анксиозност поради која што паѓа нивото на стрес. Доволно е да одите на масажа барем еднаш во месецот.

Истуширајте се со студена вода

Луѓето кои не се разболуваат велат дека ладниот туш им помага кога имаат малку енергија и силна мигрена. Со студена вода преку зима доволно е да се истуширате во времетраење од само една минута.

Мијте ги рацете

Миењето на рацете е првата активност која што подразбра спречување на болестите, особено во овој период од годината. Миењето со сапун треба да трае најмалку 20 секунди.

Пијте витамин Ц и цинк

За превенција од настинки корисно е да јадете намирници богати со витаминот Ц, а за спречување на вирусите се препорачува цинкот. Значи, за да не настинете пијте витамин Ц, а доколку веќе сте настинати конзумирајте цинк како настинката би ви поминала побрзо и побезболно.

Јадете повеќе лук

Лукот е богат со антиоксиданси кои го потикнуваат имунитетот и се борат со воспаленијата.

Размислувајте позитивно

Во едно истражување учесниците кои имале зголемена активност во делот од мозкокот кој е поврзан со позитивното расположение, произведувале повеќе антитела на грип. Доколку не можете често да бидете позитивни, тогаш стручните лица ве советуваат да бидете помалку негативни.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button