Водителката на емисијата „Ѕвездите на Гранд – специјал“, Весна Милановиќ ја сподели тажната вест која ги погоди сите членови на продукцијата „Гранд“.
Почина верниот член на тимот, кучето Рајко, кое со години беше чувар на сите простории на Гранд во Кошутњак.
Весна, која особено се грижеше за него последните години, не можеше да ја сокрие тагата и сподели емотивна порака.
„Мојот принц, со месеци се боревме заедно, ти херојски издржа сè, се држеше како лав. Сите ти се восхитуваа, а ние, твојот тим, се тркавме да им покажеме колку си посебен, колку си сакан. Извини што не успеавме“, напиша Весна со фотографија од кучето кое со години е дел од оваа продукција, а потоа додаде:
„Сопственикот на моето срце, мојата душа, моето осумнаесетгодишно момче, моето храбро момче, моето чоколадно око, мило куче. Мојот Рајко“.
ПР на „Гранд“ продукција Весна Милановиќ проговори и за враќањето на Саша Поповиќ на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.
Креативниот директор на „Гранд“ Саша Поповиќ извесно време отсуствуваше од емисиите поради неговата здравствена состојба, а сега за неговото враќање проговори и Весна Милановиќ, пишува „Блиц“.
„Веќе изјавив дека работеше цело лето, одржуваше аудиции. Очекуваме наскоро да ни се придружи и Саша. Штом ќе му дозволи здравствената состојба, вие медиумите ќе можете да го прашате се што ве интересира“, рече таа.