На 38-годишна возраст ненадејно почина манекенката Леа Плут, а тажната вест ја сподели нејзиниот партнер Саша Капетановиќ.
Со Леа до последниот ден беше и Саша Капетановиќ, познат фотограф, кој со емотивна порака се прости од неговата њубов.
– Љубов моја, чекај ме каде и да си – напиша Саша Капетановиќ во тажна објава на Инстаграм.
View this post on InstagramМаркетинг
Леа зад себе остави и две ќерки кои ги доби од големата љубов со Саша.
Оваа вест ги изненади сите во Словенија, а од убавата манекенка преку социјалните мрежи се простија многу познати личности.
На само 20 години, во 2006 година, Плут ја освои титулата словенечки супермодел и ја продолжи својата манекенска кариера. Работела со светски познати брендови.
Таа беше љубител на готвењето, поради што се пријави за третата сезона на популарното шоу за готвење „MasterChef“ во 2017 година.