Новости

СУЗАНА МНОГУ ТЕШКО ГО ПОДНЕСЕ ОВА! Саша Поповиќ тајно посетувал лекари

Ги замолил пријателите да не и кажуваат на Сузана

Саша Поповиќ ја загуби битката со ракот, а неговиот близок пријател тврди дека се можело да биде поинаку, само да не верувал слепо во пророштвото на Баба Ванѓа.

Принтскрин/ Јутуб, К1

На почетокот на 2023 година, на убедување на пријателот Остоја, првпат отишол на скенер, а потоа било утврдено дека има промена на црниот дроб. Поповиќ тоа не го сфатил сериозно, па му рекол на пријателот да не и кажува на Сузана, за да не се грижи, а штом има слободно време, ќе направи дополнителни анализи, пренесуваат тамошните медиуми.

Маркетинг

– Саша беше оптимист, кој веруваше дека пророштвото на Ванга ќе се оствари и дека ќе живее 86 години. Затоа не го сфатил сериозно кога лекарите му рекле дека има промени во црниот дроб. Тој рече дека ќе го разгледа тоа, но бидејќи се чувствува добро, сметаше дека не е итно.

– Не замоли ништо да не и кажуваме на Сузана и на децата, дури ми рече „Суки ќе ми се качи на глава, ќе седам цел ден во болница, а ништо не е итно. Се каам што тогаш не ѝ кажавме на Сузана, бидејќи тогаш тој ќе мораше редовно да оди на лекар – вели пријателот на Саша.

Маркетинг
фото-принтскрин јутјуб

-Кога Сузана дозна дека и крие толку важна работа, навистина се вознемири. А свесна е дека се можело да биде поинаку, ако навреме почнал да се лекува, а тоа и паднало многу тешко. Кога дознала се, веднаш и се јавила на Лепа Брена да ја праша дали знае за се – додава за „Свет“ извор близок до семејството Поповиќ.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button