Новости

СУЗАНА ЈОВАНОВИЌ ЈА „ПРЕШКРТА“ ЛЕПА БРЕНА! Пукна КУМСТВОТО, вдовицата на Саша Поповиќ подготвува ТУЖБИ! Таа НИКОГАШ нема да го заборави ова

Advertisement

Pо смртта на Саша Поповиќ, неговата вдовица Сузана Јовановиќ целосно се повлече од јавниот живот и, како што дознава магазинот Свет, оттогаш контактира само со најблиските пријатели и членовите на семејството.

Сузана е многу погодена од загубата на сопругот, но и од однесувањето на луѓето околу неа па реши да направи јасна дистанца кон многумина, меѓу кои, се наоѓа и долгогодишната пријателка и колешка на Саша, Лепа Брена.

Advertisement

Како што откри за споменатите медиуми блиската пријателка на пејачката, Сузана е разочарана од многу луѓе откако Саша почина, а најмногу од се ја повредило однесувањето на одредени колеги, кои кажувале невистини за покојниот Поповиќ.

-Додека Сале беше болен многу луѓе пишуваа за него и Сузана. Кога почина, се се смени. Сузана и семејството е многу погодено од приказните на разни пејачи кои сега изнесуваат невистини за деловната соработка со Саша и како тој бил злобен кон нив бидејќи го интересирале само парите.

Advertisement

По погребот Сузана само 5 луѓе и се јавиле да ја прашаат како е таа и нејзината ќерка Александра. Тажно, но вистинито. Решила да пречкрта многу луѓе од својот живот, вели дека сите се покажаа кои се навистина – вели изворот.

Тоа што Лепа Брена не се појави по повод 40 дена од смртта на Саша, што, според изворот, им беше чудно на сите во околината на Сузана.

– Лепа Брена не се појави на комеморацијата по повод 40 дена, што и се на сите им беше чудно. Меѓутоа, Сузана ми кажа во еден разговор дека има работи што нема да ги заборави, но и се сеќава кога семејството Живојиновиќ било тука за нив. Тие често комуницирааа додека Сале се лекуваше. Но, пред погребот, Брена не доаѓаше кај Сузана, а по погребот не се ни слушнале. Сузана не го крие своето разочарување. Нема да и каже ништо на Брена, тоа го знам, дури ни на неа или на другите, но таа повлече линија и се дистанцира – посочува истиот извор.

Сузана, како што вели нејзината пријателка, решила достоинствено да се справува со тагата и не се впушта во конфликти, но и не заборава кој беше со неа, а кој не беше.

– Таа си вети дека тагата достоинствено ќе ја поднесе, а не со влегување во конфликти, но и како не заборава кој бил таму во најтешките времиња, а кој не беше таму. Поповиќ им помогаше на сите и таа ќе помага ако некој и побара помош, но сепак си држи дистанца – вели таа.

Исто така, како што се дознава Свет, и Сузана и луѓето од „Гранд продукција“ планираат правно да реагираат на сите невистини кои беа изнесени за Саша Поповиќ по неговата смрт. Веќе се ангажирани адвокати кои работат на подготовка на тужби против лица кои, како што тврдат, дале лажни податоци за покојниот продуцент.

– Меѓу нив има и некои познати пејачи, но адвокатот веќе се занимава со тоа и поради тоа не сакаат да ги објават деталите додека тужбите не се готови – заклучува извор близок до Сузана.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button