Огласи
Вести

Страшно сведоштво на преживеана малолетничка од кобната ноќ во Кочани: Прв реагираше Панчо

advertisement
advert

Трагедијата која се случи на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кога во пожар загинаа минимум 59 лица, стана една од најголемите катастрофи во Македонија од осамостојувањето на земјата, по бројот на жртви. Оваа трагедија ја поставува на третото место, веднаш по две големи авионски несреќи кои ја потресоа Македонија.

Малолетничка која била присутна во дискотеката трагичната вечер, за „Претрес со Ландов“ раскажа што се случувало пред и откако изби пожарот, по кој загубивме 59 сограѓани и возачот на Брзата помош. Таа посочува дека секогаш при големи концерти и настапи на популарни ѕвезди, имало пиротехника. Прв реагирал пејалот на ДНК Владимир Блажев-Панчо.

„Сите снимаа, на сите им беше на шала, не мислеа дека ќе се прошири толку брзо. Не го сфатија сериозно. Снимаа, се задржаа. Кога пејачот извика, јас одма излегов. Пред вратата имаше превише гужва, луѓето трчаа, не знам ни јас како излегов во таа гужва. Некои останаа до крај, мислеа дека нема ништо да се случи“, рече малолетничката во „Претрес“.

реклама

На вратата имало полиција бидејќи дошле да прават рација.

„Во клубот секојпат има доста малолетни лица, јас сум една од тие. Имаше доста малолетни лица, прво сакаа да излезат за да не завршат во полициска станица, беше блокирана вратата за да не се излегува и влегува. Кога настана гужвата, беше отворена вратата за да излеземе. Луѓето паѓаа, никој не им помагаше, никој не застануваше да им помага. Многу луѓе беа прегазени и изгазени. Имам доста луѓе кои се мои блиски, што се повредени од тие газења. Во тие моменти можам да кажам дека полицијата не помогне доволно колку што требаше да помогне на луѓето за да се спасат, стоеја настрана“, додаде таа.

Посочи дека вообичаено било малолетници да влегуваат во дискотеката.

Марpкетинг

„Не бараат лична карта, плаќаш влез и си влегуваш внатре“, додаде малолетничката за „Претрес“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button