Вести

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: Во тешка несреќа загина познат македонски бизнисмен

Advertisement

Во несреќа којашто се случи завчера, недела, 13 јули, во Велес почина бизнисменот Зоран Љутков, основач и сопственик на неколку семејни фирми меѓу кои најпозната е „Пододекор“, објави порталот Дума.мк

Четириесет и две годишниот Љутков беше роден во Велес, каде живееше и работеше.

Advertisement

Како бизнисмен беше препознатлив по донаторство и помагање на спортски клубови, бројни спортски и културни манифестации и граѓански здруженија во општината.

Љутков беше сопруг и татко на две малолетни деца. Несреќата во којашто го загуби животот му ја одзеде можноста да го доживее татковството по трет пат.

Посмртните останки на Зоран Љутков ќе бидат изложени во капелата на новите Градски гробишта „Раштани“ кај Велес, денеска, вторник, 15 јули 2025 година во 13:00 часот додека погребот ќе се одржи во 13:30 часот.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button