Српскиoт коментатор заплака за време на минутата молк за настраданите во Кочани ВИДЕО

Фудбалската репрезентација на Србија во Белград играше реванш меч од плејофот од Лигата на нации против селекцијата на Австрија.
На социјалните мрежи актуелно е видео со коментаторот на РТС, Александар Стојановиќ, кој не можеше да ги задржи емоциите пред почетокот на мечот, кога фудбалерите на двата тима со минута молчење им оддадоа почит на жртвите во големата трагедија која се случи во Кочани.
Минута молк имаше и во знак на почит за фудбалерите Андрија Делибашиќ и Радиша Илиќ, на Душан Маравиќ и Вукашин Црнчевиќ кој е 16-та жртва од уривањето на настрешницата во Нови Сад:
Aleksandar Stojanović nije uspeo da zadrži emocije kada je bio minut ćutanja na meču Srbija – Austrija pic.twitter.com/I2eo4INKWm
— sportsscandals (@sportsscandals1) March 23, 2025