Реклама
Новости

Спасен Сиљаноски се огласи од болница – фановите загрижени, еве што се случува

Реклама

Спасен Силјаноски се огласи од болница

Нашиот познат пејач Спасен Сиљаноски се огласи од една наша приватна болница и сподели детали за неговата здравствена состојба.

принтскрин

Како што откри и самиот пејач денес, тој ги направи последните испитувања, и според објавеното прогнозите се оптимистички.

Маркетинг

И во неубави моменти човек треба да е оптимист и позитивен. Така се се пребродува, напиша Спасен на својот фејсбук профил.

Маркетинг

Од неговата последна објава се гледаат позитивни вести и самиот доктор му открива на Спасен дека ќе пее уште 50 години.

Потсетуваме, Спасен е еден од омилените фолк-пејачи во Македонија, а важи за човек од народот, но и за голем патриот.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Музиката ја сака од мали нозе, а кариерата ќе ја започне на „Роса фест“ во 2009 година по што за брзо време станува еден од омилените фолк-пејачи од помладата генерација во Македонија.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Познат е и по тоа што македонската песна секогаш му е на прво место, а веќе некое време го гледаме и во улога на водител.

Инаку, Спасен веќе во години е во среќен брак со сопругата Ана за која вели дека му е благодарен на Бога што му ја испратил и дека таа му го дала најголемото богатство во животот.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Тоа се секако нивните две деца, ќерката Мила и синот Арсениј, а што друго ни откри Спасен, прочитајте тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button