Новости

Сопругот на Лепа Брена поради измама се соочува со 10 години затвор?! Боба Живојиновиќ повикан на распит во Трето обвинителство!

Advertisement

Третото основно обвинителство ги сослуша поранешниот тенисер Слободан Живојиновиќ (62), Александар Папиќ (37) и Немања Ранковиќ. (39) поради сомнение дека извршиле измама продавајќи ја јахтата „Першинг 54“ два пати.

Осомничениот сопруг на Лепа Брена и неговите соучесници се товарат за кривично дело измама за кое е предвидена казна затвор од две до 10 години и парична казна.

Advertisement

Како што дознава Ало рс, покрај осомничените, сослушан е и оштетениот М.С. (43).

инстаграм

Обвинителството на сите учесници во постапката привремено им ги одзеде телефоните и наложи да бидат сместени во депозитарот на Обвинителството, а издаде наредби за информатички и телекомуникациски вештачења и графоскопско вештачење на ракописи.

Во понатамошниот тек на постапката јавниот обвинител ќе ги преземе сите потребни дејствија од негова надлежност за правилно утврдување на фактичката состојба и ќе донесе одлука врз основа на законот.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button