Наши ѕвезди

Сопругата на Панчо скршена од преголемата болка – од нејзините ТАЖНИ ЗБОРОВИ и камен би заплакал

„Нема зборови и нема утеха, а знам дека и вие сте скршени од болка“ пишува Маја на социјалните мрежи

Advertisement

Тажна вест што го потресе регионот

Целиот регион се сеќава на страшниот пожар што се случи во ноќниот-клуб во Кочани кога згаснаа животите на 62 млади лица, а вчера животот го загуби и Владимир Блажев Панчо, седум месеци по несреќата.

Advertisement

Панчо почина во болницата Систина каде се лекуваше по несреќата, но за жал, по седум месечна борба, им подлегна на повредите.

Принтскрин/ Јутуб, ДНК – Животе брате

Покрај големите хитови кои што ќе останат засекогаш, Панчо зад себе ги остави неутешни и сопругата Маја со нивните две деца.

Advertisement

Панчо од бракот со Маја ги имаше синовите Андреја и Марјан, а се венчаа во 2013 година, кога постариот син имаше две години.

Принтскрин/ Јутуб, ДНК – Животе брате

По две години се роди и Марјан, нивниот втор син, а на 2 октомври, односно пред само неколку дена, беше и нивната годишнина.

Неговата сопруга Маја по тажната вест се огласи на социјалните мрежи и со емотивни зборови се збогуваше од својот сакан.

Принтскрин/ Фејсбук

Не се договоривме вака, душо моја, љубов моја, живот мој. Ме скрши на милион делови“, напиша Маја на својот фејсбук-профил.

По ова Маја се огласи и под објавата на болницата во која што почина Панчо, па скршена од болка го напиша и следново:

„Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборам се што не си кажавме цел живот, ви благодарам за секоја секунда посветена од сите вас како болница која ми станавте втор дом изминатиов период. Нема зборови и нема утеха, а знам дека и вие сте скршени од болка“, напиша Маја како коментар под објавата на Фејсбук од страна на болницата со која тие изразија сочувство и се збогуваа од познатиот музичар.

Принтскрин/ Фејсбук

Панчо е роден на 29.07.1979 во Скопје. Зад себе остави два сина, Андреја и Марјан, а една од последни објави на Панчо што ја сподели на Инстаграм неколку недели пред да се случи несреќата во Кочани, беше токму за роденденот на постариот син (види тука).

Тој беше познат и како голем хуманитарец, кој заедно со неговиот колега и пријател Андреј Ѓорѓиески, чиј живот исто така згасна во несреќата, низ годините несебично им помогнаа на голем број семејства и лица кои имаа потреба од секаква помош.

Принтскрин/ Фејсбук

Потсетуваме, во пожарот во Кочани згаснаа животите на многу членови и соработници на групата „ДНК“, а еден од преживеаните беше токму Панчо кој по несреќата седум месеци лавовски се бореше од последиците.

Панчо беше еден од главните вокали во групата, а во пожарот почина и Андреј Ѓорѓиески, со кого задно го основаа бендот.

Принтскрин/ Јутуб, ДНК – Животе брате

Инаку, здравствената состојба на Панчо во претходните седум месеци во повеќе наврати се влошувала во болницата, а во еден момент беше ставен и на апарати кога целиот регион се молеше за него.

Потсетуваме, во страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани згаснаа 63 млади животи, меѓу кои и осум музичари кои настапуваа со музичката група „ДНК“. Покрај Панчо кој седум месеци по несреќата им подлегна на повредите меѓу настраданите се и младиот тапанар од Струмица, Ѓорѓи Ѓоргиев, потоа клавијатуристот на бендот, Филип Стевановски и еден од фронтмените, вокалистот Андреј Ѓорѓиески кој иако излезе од дискотеката, се врати по другите и во тој момент се срушил кровот и паднал врз него, по што пејачот загина на лице место.

Настрада и Сара Пројковска која беше придружен вокал во бендот, потоа гитаристот Александар Коларов, тон-мајсторот на ДНК, Игор Велков, како и битбоксерот Мартин Атанасовски попознат како Мартин Буцо кој исто така беше дел од групата ДНК.

Бонус видео

Познатата пејачка се присети на последната средба со Сара Пројковска: Беше голем човек и прекрасна жена

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button