Сопругата на Дарко Лазиќ му дала ултиматум по страшната несреќа – Дали крајот вака мириса?

По тешката сообраќајна несреќа што ја предизвика Дарко Лазиќ во алкохолизирана состојба, неговата сопруга Катарина Лазиќ се повлече од јавноста.
Според блиски луѓе, таа е исцрпена и разочарана.
„Каќа отворено му кажа на Дарко дека периодот кога земаше блокатори беше најмирниот во нивниот брак. Тогаш имаше помалку проблеми и повеќе доверба. Тоа го гледа како единствен начин да го спаси. Ако одбие, ќе си оди кај своите и нема да се врати“, изјавил извор близок до семејството за домашните медиуми.

Наводно, сериозноста на Катарина ја потврдила и блиска пријателка на семејството.
„Таа денови не излегува од дома, не сака со никого да разговара и постојано повторува дека не може повеќе вака да живее. Ова не е закана, туку последна шанса која му ја дава на Дарко“, изјавила пријателката.
Advertisement
Новинарот Младен Мијатовиќ на телевизија „Пинк“ откри нови информации за текот на истрагата.
„Истрагата е сѐ уште во тек по налог на Третото основно јавно обвинителство во Белград. И Дарко и неговата сопруга се повредени, но, за среќа, станува збор за полесни телесни повреди и двајцата се пуштени на домашно лекување. Обвинителството наложи полицијата да земе изјави од сведоци, да ги обезбеди снимките од безбедносните камери и да ја прибави изјавата од возачот на автобусот. Треба да се напомене дека автобусот бил празен и одел кон гаража, што е вистинска среќа во несреќата. Дарко бил под дејство на алкохол, негативен на дрога, и возел без српска возачка дозвола“, рече Мијатовиќ.

Тој објасни дека дозволата не му е одземена трајно, туку на определен период, како и на сите други возачи со прекршувања. По задолжителна едукација и положен испит, може повторно да ја добие.
Фолкерот во својата прва изјава за медиумите истакна дека изгубил контрола и не се сеќава на детали од несреќата:
„Изгубив контрола, велат дека сум бил пијан и се спомнуваат недозволени супстанции. Фала богу, никому ништо не му се случи, преживеавме. Сопругата ми е добро, јас имам повреда на главата, ништо страшно. Падна дожд, ме занесе автомобилот и удрив во автобус. Не сум возел пребрзо. Имам 15 конци, но морам да нагласам дека немаше алкохол ниту недозволени супстанции“, изјави Лазиќ.