Турските ТВ серии секојдневно стануваат се попопуларни. „Величествениот“, „Азиз“, „Црна љубов“, „Тропни на мојата врата“…се само мал дел од турските ремек-дела кои стекнаа огромна популарност не само во својата татковина, туку и во странство.
Шармантни погледи на турските градови, прекрасна архитектура, убави глумици, талентирана глума која допира до душата – сето тоа ги прави овие серии што е можно поинтересни и возбудливи.
Но знаевте ли дека некои од популарните турски глумици имаат македонски корени?
Филиз Ахмет
Филиз стана популарна благодарение на ТВ серијата „Сулејман Величествениот“, во улога на Нигар-калфа.
Покрај тоа, таа се појави во „Животот не е песна“ и „Бескрајна љубов“. Познато е дека татко ѝ е Турчин, а мајка ѝ е Македонка.
View this post on Instagram
Инаку, токму во Македонија се родила идната актерка.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Фара Зејнеп Абдула
Улогите во сериите „Величествениот“ и „Сеит и Шура“ ѝ донесоа слава на глумицата.
Актерката, која освои многу срца, Турција ја смета за своја татковина. Нејзиниот татко е од Ирак, но таа има босанска крв од страната на нејзината мајка, а македонска од страна на нејзината баба.
View this post on Instagram