Вести

Снегот се враќа – нов студен бран ќе ја зафати Македонија

Advertisement

Метео анализа на Славчо Попоски.

Почнувајќи од 3 февруари (понеделник) па во текот на целата наредна седмица територијата на целиот Балкан, секако вклучувајќи ја и нашата Република Македонија, ќе биде зафатена од многу ладен бран кој ќе се спушти од североистокот и истокот на Европа.

Advertisement

Овој ладен бран ќе услови многу ниски температури на воздухот и длабок минус, кој во следните мои метео објави ќе ве информирам како би се движеле температурите и до колку во минус ќе одат истите. Но едно е сигурно, се работи за изразен ладен бран.

Што се однесува до снегот, засега нема најава за некој изразен и голем снежен бран на Балканот и во Македонија, иако со овој ладен бран ќе има појава на повремен локален снег, но не со голем интензитет.

Advertisement

Секако, промени околу ова и понатаму се можни, па затоа како што напоменав, понатаму следува нова и обновена метео анализа од моја страна токму околу ова.

До вечерва следува најново ажурирање на прогностичките модели, со што ќе следуваат најнови детални информации околу очекуваниот многу ладен бран кој ќе не зафати од 3 февруари (понеделник).

А од УХМР најавија дека утре и во сабота времето ќе биде стабилно и релативно топло, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Во недела кон крајот на денот, во текот на ноќта и во понеделник претпладне се очекуваат повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од повремен слаб снег.

Услови за повремени локални врнежи претежно од снег ќе има и во вторник. Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температирите ќе бидат во опаѓање.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button