Славниот турски актер Халит расплака многу ЖЕНИ, нема да верувате што и направи на поранешната сопруга поради Шехерезад
Славниот турски актер Халит Ергенич се уште на домашната сцена е познат по улогата Сулејман Величенствениот.
Неговиот пат до успехот воопшто не бил лесен.
Македонската публика го запозна со улогата на Онур во серијата „1001 ноќ“, а огромна популарност кај нас стекна и со улогата на Сулејман во серијата „Величествениот“.
Актерот Халит Ергенич во 80-тите и 90-тите работел како танчер, но и како придружен вокал.
„Родителите не беа задоволни затоа што работев само навечер и играв по дискотеки, но знаеја дека сум тврдоглав и никогаш нема да се откажам од своите соништа,“ се присетува Халит.
Улогата во серијата „1001 ноќ“ целосно му го сменила жвотот.
Таму ја запознал и жената на својот живот, 12 години помладата актерка Берѓузар Корел, која во оваа серија ја имаше улогата на Шехерезад.
Берѓузар раскинала со своето тогашно момче, Халит побарал развод од Ѓизем која тогаш била бремена, па се одлучила за абортус.
Актерот ѝ исплатил 250.000 лири на поранешната сопруга во текот на бракоразводната парница за што е можно побрзо да ги потпише документите.
Бергузар Корел и Халит Ергенич својата љубовна приказна ја започнаа пред повеќе од една деценија, а јавноста до некаде се сеќава на сите турбулентни моменти пред да ја започнат својата врска…
За потсетување, Бергузел Корел и Халит Ергенич имаат три деца 0 два сина Алија и Хан, како и ќерката Лела која ја добија минатата година. Тој често зборува како неговата сопруга е љубоморна, но за тоа работат со заеднички сили.