Славчо Попоски со ново предупредување – следува пресврт со времето

Метео анализа на Славчо Попоски
Утринава во нашата Македонија имаме сончево и релативно топло време со појава на мала до умерена локална облачност.
Трендот на покачување на температурите ќе продолжи во текот на денов, па така тие ќе бидат рано – летни и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени. И во Скопје и околината температурата денес ќе се искачи до близу или околу 30 степени.
Рано -летните температури, слични на оние кои ги имавме во изминатиов период ќе се задржат денес и утре (понеделник 5 мај). Времето ќе биде сончево со појава на умерена локална облачност, а повремено ќе засилува и ветерот од западен и од југозападен правец, особено во западните предели.
Сепак, утре (понеделник 5 мај) ќе ја почувствуваме промената на времето која ја најавив веќе од вторник (6 мај) па во деновите потоа. Поточно,во попладневните часови ќе се создаваат услови за изолиран развој на грмотевични облачни јадра од кои се очекува појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
И во Скопје и околината денес и утре (понеделник 5 мај) ќе се задржат рано – летните температури на воздухот, а утре (понеделник 5 мај) во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
Во понеделник (5 мај) сеуште нашата Македонија ќе се наоѓа под влијание на топлата воздушна маса од југ, температурите нема многу да се менуваат за разлика од оние кои ќе ги имаме викендов. Меѓутоа, во понеделник (5 мај) повремено ќе засилува ветер од јужен и од југозападен правец.
Во попладневните часови ќе имаме изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер во зоната на нестабилност.
Од следната седмица Балканот и Македонија постепено ќе навлегуваат во значително поладен период со почести врнежи, а можна е дури и појава на планински снег.
Температурите исто така ќе бидат значително потпросечни за месец мај. Ваквата метеоролошка состојба ќе се задржи подолго време, секако судејќи според најновите ажурирања на прогностичките материјали. Ладниот период за мај би се задржал дури до околу 20 мај.