Вести

Славчо Попоски со ново предупредување – следува пресврт со времето

Advertisement

Метео анализа на Славчо Попоски.

Денешното утро во Македонија донесе значително поладно време, и тоа поради спуштањето на веќе споменатата значително поладна воздушна маса од истокот и од североистокот на Европа. Исто така, на повеќе места низ Македонија имаме променлива, или зголемена облачност, а засилува и ветерот од северен правец, особено Долж Повардарието.

Advertisement

Според она што можам моментално да го кажам, прогностичките материјали во моментов ни цртаат дека првата половина на февруари месец ќе го поминеме во знакот на многу поладно време, повремено ќе засилува ветерот од северен правец.

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, повремено подолги. Исто така, повремено и локално ќе има услови за сосема слабо проврнување на дожд и снег, или појава на слаб снег.

И во Скопскиот регион не очекува слично време, ладно, променливо облачно и со сончеви периоди. Повремено ќе засилува ветерот од северен правец.

Advertisement

Што се однесува до температурите, тие наутро насекаде ќе се спуштаат под нулата, а во делови од Македонија, особено во Беровскиот регион, повисоките места, планините, секако вклучувајќи ги и Скијачките центри, тие ќе се спуштат до околу, па и под -10 степени.

Максималните дневни температури на воздухот, исто така ќе бидат значително пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9/10 степени, и тоа во најтоплите југоисточни предели од нашата Македонија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button