Вести

Славчо Попоски со ново предупредување – Силно невреме доаѓа во Македонија

Advertisement

Метео анализа на Славчо Попоски

Поради продор на посвежа воздушна маса од север, денес (четврток 17 јули) во попладневните и во вечерните часови во нашата Република Македонија ќе дојде до поголема дестабилизација на атмосферата и развој на грмотевични конвективни облачни јадра на повеќе места.

Advertisement

Од овие конвективни облачни јадра на повеќе места очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално, особено во северните, централните и во источните предели атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследно со пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.

И во делови од Скопскиот регион денес (четврток 17 јули) во попладневните и во вечерните часови ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме со силен ветер и со појава на град.

Advertisement

Апелирам на поголема внимателност кај граѓаните во случај на појава на невреме, односно, во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Исто така, во случај на појава на силен ветер, автомобилите да се заштитат, односно, граѓаните истите да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се постари и осамени.

Што се однесува до температурите, тие денес (четврток 17 јули) сеуште ќе бидат високи и речиси насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието тие ќе се искачат и близу 40 степени.

Сепак, утре (петок 18 јули) поради продорот на посвежа воздушна маса од север, температурите ќе бидат пониски за 4 до 6 степени во споредба со денешните, и максималните дневни температури на воздухот утре (петок 18 јули) ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени.

Утре (петок 18 јули) времето ќе биде претежно стабилно и суво, но сепак, можна е појава на сосема краткотраен локален дожд, особено претпладнето.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button