Славчо Попоски со ново предупредување – Силно невреме доаѓа кон Македонија

Meтео анализа на Славчо Попоски.
Денес (среда 3 септември) како и во текот на ноќта кон утрешниот ден и утре (четврток 4 септември) под влијание на голема влажна и нестабилна воздушна маса од запад и од северозапад која е поврзана со фронталната долина со поладен воздух на висина, и истата се спушта од северозапад преку Алпскиот регион до нашиот дел од Европа, ќе услови во поголем дел од Македонија да имаме променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и ќе има појава на невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време (над 20 литри дожд на метар квадратен) силен ветер (над 60 км/час) електрични празнења и со локална појава на град. Токму поради ова апелирам граѓаните да обратат поголема внимателност.
Односно, во случај на појава на невреме да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер граѓаните своите автомобили да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои што се стари.
И во Скопје и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме.
Што се однесува до температурите тие денес (среда 3 септември) ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, додека утре (четврток 4 септември) тие ќе бидат пониски за неколку степени и ќе се икачуваат во интервалот од 25 до 32 степени. Во Скопје температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 29 и 33 степени.