Славчо Попоски со ново предупредување – еве кога не очекуваат нови врнежи од снег!

Метео анализа на Славчо Попоски.
За време викендов нашата територија и понатаму ќе биде под влијание на влажен воздушен бран од југозапад.
Во ваква ситуација времето кај нас ќе биде многу променливо со честа појава на повремени врнежи од дожд (повремено пообилни). На повеќе места ќе има развој и на грмотевични облаци кои ќе условат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално Атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време (над 20 литри на метар квадратен), засилен ветер, електирчни пранзења и со појава на град.
И во Скопскиот регион продолжуваат повремените врнежи од дожд. Во делови од котлината тие ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер (можни се поинтензивни Атмосферски пороцеси, во вид на невреме).
Да напоменам дека само дека за време на овој викенд на планините над 1600/1700 метри надморска височина ќе има и врнежи од снег.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени. Во Скопје максималната температура овој викенд ќе се искачи до околу 16/17 степени.
Поради очекуваните поинтензивни Атмосферски процеси викендов, апелирам на поголема внимателност и тоа поради можните локални поплавувања, но и поради електричните празнења кои се очекуваат.
Самиот почеток од април во нашата Република Македонија ни носи продор на поладен воздух од север, а врнежите ќе продолжат.
Во ваква ситуација, на планинските и на Скијачките места врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег, а сето ова ќе биде проследено со северен ветер и со позначителен пад на температурите.

Барем од она што можам во моментов да го кажам за јавноста, не се исклучува можноста во почетокот на април снежната граница да се спушти и под 1000 метри надморска височина, па така провејување на снег можно е да имаме и во повисоките населени места во западните и во северните предели од нашата Македонија.
На самиот почеток на април покривка ќе се формира позначителна снежна покривка на планинските и Скијачките места. Исто така, април оваа година ни носи можност и за нова појава на мразеви во утринските часови.