СЛАВЧО ПОПОСКИ СО ЛОШИ ВЕСТИ: Зимата се враќа во Македонија

Се поизвесно е дека од 5 април (сабота) па во деновите потоа, зимата сериозно ќе се врати на Балканот и во Македонија, па така очекувам продор на многу ладен воздух кон нашите краишта директно од Сибир, објави Славчо Попоски.
Покрај тоа што ќе има многу снег ширум Балканот, и температурите ќе бидат во длабок минус и многу пониски од просекот за овој период од годината. Сето ова ќе биде проследено со силен ветер од северен и од североисточен правец.

На Јадранот пак ќе дува силна Бура.
Многу многу лошо за земјоделците и за овошките…силен мраз се поизвесен од 5/6 април па натаму, напиша на својот фејсбук профил, Славчо Попоски.
Под влијание на голем влажен бран од југ и од југоисток, во следните 24 часа во нашата Република Македонија ќе имаме нови врнежи од дожд (повремено пообилни) а најобилни врнежи ќе има во јужната половина од Македонија каде локално ќе наврнат нови над 20 литри дожд на метар квадратен. Ќе дува северен и североисточен ветер кој повремено ќе засилува на интензитет.
Да напоменам дека локално е можна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На планините пак над 1600/1700 метри врнежите ќе бидат претежно од снег.

И во Скопскиот регион во следните 24 часа ќе има нови врнежи од дожд. Повремено ќе засилува ветерот од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени, во Скопје и околината максимумот на температурата ќе се искачи до околу 15 степени.