Синот на Снежана Ѓуришиќ е бездомник, сам без никој! „Мајка ми се откажа од мене, спијам сам на клупа во паркот“
Марко Гвозденовиќ, син на Снежана Ѓуришиќ, има бурно минато.
Во неколку наврати отворено зборуваше за проблемите со алкохолот, поради што се влошија неговите односи со мајка му, а ретко кој знае дека во младоста имал сообраќајна несреќа во која настрадала неговата тогашна девојка.
Ситуацијата се случи така што направив проблем и ме уапсија и ме одведоа во затвор, ја молев да ми се јави, кога ја добив, ја молев за помош и ми рече:
„Веќе немаш ништо овде, немаш дом и не си добредојден овде, не се враќај.
Тоа е неговата исповед што ја кажал Марко, а рекол дека цела ноќ бил сам на клупата и дека таму спиел.
Рече дека пејачката решила да се откаже од него и дека со целото срце сакал да се врати дома, но морал некако да остане со пријателите, но имало денови кога спиел во парк.
Навистина е неверојатна приказна што детето на позната пејачка завршува во такви околности.
Најголемиот проблем започнал кога починал сопругот на Снежана и негов татко.
-Кога почина тато, почна голема нетрпеливост поради работата што не можев да ја извршам. Тогаш мама ми велеше дека таа ќе ми најде работа, а потоа пак ќе ми префрли дека не барам работа. Знаев да ја навредам и да и кажам грди нешта. Имавме големи несогласувања по смртта на татко ми, додава Марко.
Семејните проблеми се зголемиле после сообраќајка која Марко ја предизвикал возејќи под дејство на алкохол, во која загинала неговата тогашна девојка Јелена, а Марко завршил во затвор.
По три години затвор одлучува да оди за Америка, каде поради истечено осигурање на колата полицијата му пишала казна од 3000 долари и тој се јавил на пејачката а таа му рекла дек тој веќе нема куќа и мајка, па откако се вратил живее кај пријтелка.
-Јас ја барам а таа не ми се јавува- рекол Марко
Тој исто така е разведен од сопругата со која има две деца.
-Се пишуваше и дека сум ја тепал, но тоа не е вистина. Јас после разводот многу пиев и кога ќе дојдев дома мајка ми и сопругата веднаш ме напаѓаа, а во еден случај мајка ми повика и полиција која ме уапси а потоа се покаја за тоа, но не бев насилен спрема нив- рекол Марко.
Снежана е позната пејачка која отсекогаш имала силен вокал. Кариерата ја започна многу млада и со текот на годините имаше многу хитови и испеа голем број песни кои за кратко време станаа големи хитови.
Таа е учесник, односно член на жирито на Звезда Гранда, а беше рамо до рамо со Саша Поповиќ.