Реклама
Вести

Син на политичар починал во затворот Шутка во Скопје

Реклама

Онур Ѓунај, синот на градоначалникот на општина Ѓузелбахче (дел од градот Измир) починал од срцев удар во Скопје, јавуваат труските медиуми.

Веста за смртта ја потврдил и неговиот татко и градоначалник Мустафа Ѓунај на социјалните мрежи.

Ние сме во големи болки, го загубивме нашиот син Онур поради срцев удар. Информациите за погребната церемонија ќе бидат споделени. Не можам да ги примам вашите повици бидејќи не можам да одговорам на телефонот. „Ви благодариме за разбирањето“, напиша таткото и градоначалник на Ѓузелбахче, Мустафа Ѓунај.

Маркетинг

Како што дознава 24инфо, синот Ѓунај починал во затворот „Скопје“ познат како Шутка.

Маркетинг

Таму тој бил спроведен откако претходно бил уапсен поради тоа што во казино во општина Центар со остар предмет им се заканувал на вработени.

Според информациите од турските медиуми, градоначалникот Ѓунај веќе пристигнал во Скопје, по телото на својот син.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button