Вести
ШТО ЛИ ЈАДЕМЕ: Запленетo над 360 килограми расипано месо во позната кафеана – веднаш се казнети 1400 евра
Реклама
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), при спроведен редовен надзор на осумнаесетти овој месец во Охрид, од угостителски објект запленија и нештетно уништија небезбедна храна ( месо и преработки од месо) во вкупна количина од 366 килограми.
Со контролата, покрај затекнатата небезбедна храна, утврдени се и недоследности во однос на хигиената кај овој оператор со храна.
За пуштање во промет на небезбедна храна, на операторот изречена му е парична казна од 1000 евра во денарска противвредност и 400 евра во денарска противвредност за одговорното лице во правното лице.
Маркетинг
И по однос на утврдените недоследности во поглед на хигиената, дополнително изречена му е истата парична казна.
Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .