Фросина, која доцна завчера беше покосена на пешачки премин во Скопје, од страна на веќе докажан деликвент кој возел пијан и без возачка дозвола, и кој поминал на црвено светло со брзина од над 120 километри на час, денес беше погребана во родниот град.
– Од прегратки им го откинаа девојчето, низ солзи кажуваат сограѓаните, кои сочувствуваат со семејството на Фросина.
Додаваат дека излегле на градскиот плоштад да порачаат дека е доста од неправди и пропусти во системот, кои во случајов, завршија со една одземена младост.
Нејзините бројни пријатели се покосени од загубата. Си спомнуваат колку му се радувала на животот и на плановите за иднината.
– Ова не е само трагедија за изгубен млад живот и огромна загуба на семејството. Ова е предупредување за нас дека не сме безбедни. Оние кои треба да не штитат, се на страната на виновниците. Ни даваат порака дека нашиот живот не вреди во моменти кога треба да се заштити некој финансиски и позициски помоќен од нас, рече Софија Шутова, дел од организаторите на протестот.
Вера Најдовска, другарка на Фросина, посочи дека нема зборови кои можат да ја изразат болката од трагедијата.
фото инстаграм
„Шо напраив бе” беше се што монструмот можеше да каже. Епа ти, остави фамилија без своето чедо, момче без својата долгогодишна љубов и сите нас без најискрениот и најсветлиот другар, истакна Најдова.