СЕКОЈА ЧЕСТ – Македонска компанија на своите вработени им подари автомобили и ваучер од 7000 евра!
„Тамаро“ е трговска фирма, која е основана во далечната 1997 година.
Името го добива по првите две букви од имињата на сопствениците Татјана и Роберто и нивната тогаш 7-годишна ќерка Марија. Во 2005 година е отворен првиот простор за магацин на големо „АМ“.
Во 2016 година, во склоп на „Анабела“ производството започнува со работа и „Тамаро“ пекарата, а производството е проширено на над 500 м2 во кои работат и слаткарата и кујната за готови јадења. „Анабела“ е лоцирана во просториите на нашиот магацин на големо „АМ“ од 4000 м2.
Магацинот „АМ“ работи и извоз во Австралија и се` уште се шири во тој дел. Дистрибутери сме на многу програми во Охрид и пошироката околина, но и Струга, Дебар, Кичево и Ресен.
„Тамаро“ веќе брои 12 маркети и еден дисконт и е сериозен бренд на кого му веруваат купувачите и партнерите. Развива своја маркетинг стратегија, со добри цени и соработка со многу фирми. Зад себе има бројни проекти и постојано го шири ланецот маркети, со што се зголемува продажбата, а услугите и производите на „Тамаро“ се` полесно стигнуваат до секој дом во Охрид и околината.
Лидерскиот тим за подобрување на работните стандарди и односот кон потрошувачите, постојано организираат сопствени обуки и предавања за вработените. Тоа резултира со сериозни резултати и одличен менаџерски кадар. Идните планови на компанијата предвидуваат сериозно проширување на брендот „Тамаро“.
Тамаро изненади тројца вработени со најдолг работен стаж со ПОДАРОК автомобили и паричен ваучер!
Билјана Стевановиќ.
Билјана е дел од Тамаро фамилијата – 22 години. Таа започна со работа во 2003 година, на позиција агент за продажба, за подоцна да биде унапредена во материјален книговодител. Следната позиција беше прв менаџер на Тамаро 7 хипермаркетот, каде подоцна ја замени Благица Ситникоска.
Во моментов, Билјана е главен менаџер за продажба во Тамаро. Умешноста и вештините на Билјана се одразија на успехот и на Тамаро. Секогаш навремена, прецизна и преку нејзините обуки многу луѓе станале успешни и вредни работници.
Компанијата Тамаро и доделува автомобил како ПОДАРОК!
Билјана Лолеска.
Во Тамаро Билјана е цели 23 години. Таа започна со работа во 2002 година, на позиција агент за продажба, а во моментов е главен менаџер на АМ магацинот во склоп на Тамаро. Лидерските способности, колегијалноста, истрајноста, лојалноста се само дел од нејзините вештини со кои многу луѓе ги обучила да станат вредни и одлични работници.
Компанијата Тамаро и доделува ваучер од 7000 евра.
Горан Манев
Во Тамаро, Горан започна во 2003 година. Веќе е дел од тимот 22 години!
Тој започна на работна позиција магационер, додека неговиот успех во работата го донесе да биде главен магационер на замрзната роба во комори. Сега работи како контролор на прием на роба во АМ магацинот, како и ускладиштување на робата.
Горан секогаш бил достапен и лојален кон компанијата. Личност која во секое време излегла во пресрет за доброто на Тамаро. Неговата љубов кон Тамаро и посветеност кон работата заслужено го донесе до ПОДАРОК автомобил!
Честитки за вработените од менаџментот на Тамаро и им посакуваме на сите останати вработени многу успех во работата и долги години стаж!
Секоја чест за овој потег и се надеваме во иднина и други македонски компании ќе го следат примерот и ќе докажат дека вистински се грижат за своите вработени.