Тој е една од најголемите ѕвезди во Бугарија
Контроверзниот бугарски пеач Азис денес изгледа потполно непрепознатливо во односна она како изгледаше на почетокот од својата кариера.
Освен што е еден од најпопуларните музичари во Бугарија, своевремено Азис си ја испроба среќата и во политиката. Учествуваше во парламентарните избори во 2005 година, како член на партијата Евро Рома, но по неуспехот на политичко поле, повторно се сврте кон музиката.
Тој е познат како еден од првите јавни личности во Бугарија кој отворено зборуваше за својата сексуална припадност и не криеше дека е хомосексуалец. Во документарен филм за него, раскажуваше дека кога бил дете многу му било тешко бидејќи е Ром.
Постојано ја чувствувал дискриминацијата, но уште од дете решил дека еден ден ќе биде успешен. На почетокот на кариерата кон крајот на деведесеттите години на минатиот век, се појавуваше во јавност најчесто облечен како жена, додека денес е свртен кон мачо изгледот.
Во интервју од пред неколку години раскажа дека стилот кој го промовирал на почетокот на кариерата бил со цел да го сврти вниманието кон себе, затоа што не верувал дека само со добар глас ќе успее да направи кариера.
Имено, Азис никогаш не го криел своето сексуално определување и секогаш јавно ги покажувал своите момчиња.
Тој пред повеќе од десет години стапи во љубовна врска со Ники Китаец, ав о октомври 2006 година се венчаа. Тогаш тие со оваа постапка го шокираа целиот Балкан иако нивниот брак не беше легален бидејќи законот во Бугарија, исто како и кај нас, не поддржува истополови бракови.
Сепак, Азис и неговиот партнер беа кратко време во брак, а во тоа време беа дел и од бугарскиот „Голем брат“.
Еве како денес изгледа Азис:
„Мојот живот е ист како и порано. Работам во телевизија и многу сум среќен заради тоа, па бугарскиот народ секојдневно ме гледа на малите екрани, така што тие знаат се за мене. Затоа и мислам дека се е исто, освен што повеќе не носам шминка. Не можам да кажам како се чувствувам, дали како маж или жена. Се чувствувам како уметник, тоа е најважно за еден човек како мене, да се чувствува како уметник“, изјави Азис неодамна.
Фото: Инстаграм/ Азис
Фото: Инстаграм/ Азис