Се сеќавате ли на малиот Трајче од Струмица – погледнете како изгледа денес (фото)
Трајче Ѓоргиев од Струмица се уште важи за еден од најголемите таленти што некогаш се појавиле во „Пинк ѕвездички“.
Ова популарно шоу изроди бројни таленти, а еден од нив е и Трајче Ѓоргиев од Струмица кој беше миленик на публиката.
Тој се натпреваруваше во 2015 година, а на сцената пееше како домашни, така и странски песни и секогаш со својот маестрален вокал, но и емоции и неспорен талент брзо се издвои беше еден од најдобрите.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Трајче денес има 23 години, а неговите видеа од настапите во Пинк ѕвездички денес бројат милионски прегледи.
Тој во популарното шоу влезе во суперфиналето одржано во јули 2015 година и се пласираше на високото второ место, додека победата тогаш ја однесе маестралната Марија Сердар.
Денес Трајче сѐ уште се занимава со музика, а секако и не престанува да реди успеси.
Скромното момче од Струмица го освои второто место, но и понатаму продолжи храбро да чекори во светот на музиката.
Фото: Инстаграм/ Трајче Ѓоргиев
Трајче преку своите профили редовно комуницира со својата публика и важи за миленик посебно меѓу девојките, а објавува и бројни обработки на песни со кои сите ги воодушевува.
Како ова момче кое во меѓувреме порасна во вистински млад заводник изгледа денес, погледнете во продолжение…