За најлудата ноќ Милица Павловиќ ќе настапи пред белградската публика во познат хотел во главниот град, а во интервју за медиумите зборуваше за подемите и падовите во тековната година, како и за плановите за 2025 година.
Пејачката не го криеше задоволството од сето она што го постигна, а потоа се наврати на шоуто и на настаните за кои се зборува.
По тој повод Милица откри и дали е во контакт со Саша Поповиќ.
– Редовно се слушам со Сузана. Сале е еден и единствен и многу го сакам и почитувам. Сите сме со него во нашите мисли. Сакам да го надмине сето она што му се случува и навистина мислам дека сето тоа е поради стресот“, – изјави Милица и открила дали некогаш имала здравствени проблеми поради стресот:
– Не сериозно, фала богу. Но, јас многу добро знам дека кога ми е потребно можам да се повлечам и дека треба да бидам со себе, да зборувам и да ги слушнам моите мисли. Тоа го направив во јануари на Малдиви. И планирам, сега повторно во јануари, веќе почнав да гледам понуди да патувам сама повторно.
Да потсетиме, Милица ја прокоментира и несреќата на Лепа Брена која ја принуди да ги откаже следните настапи.
– Каков ужас! Се слушнав со неа, односно им пратив пораки на Брена и Виктор, ми одговорија. Секако дека ме потресе, прво самата вест, а уште повеќе кога го видов видеото. Тоа е нешто што не би му го посакале на вашиот најголем непријател за време на концерт. Кога имате сериозно музичко и продукциско шоу, кога имате лифтови, пиротехника и оган, тогаш треба да бидете целосно присутен во вашиот ум. Замислете што и се случувало во тие моменти. Брена е жена змеј. Брзо ќе закрепне. Да ми се случеше такво нешто, да можам ќе го продолжев шоуто како што направи Брена. Тоа го прават професионалците, вие сте таму за да ја забавувате публиката.
Милица потоа раскажа дека и самата доживеала несреќа на настап.
Пеев на студентска забава во Закинтос и потоа со едната нога се лизнав од бината. Имаше некои кабли испреплетени и мислев дека е дел од сцената. Ми сметаа светлата и така некако изгубив преглед до каде е точно сцената. Почна да ми тече крв, искинав кабли, а музиката престана… Паузиравме додека технички се реши ситуацијата.Сепак продолжив да пеам, но плачев од болка. Беше страшно“ – се присети Милица.