Се бараат работници за Хрватска: Плата до 7000 евра, а доволно е само средно образование

Кандидатите треба да имаат завршено најмалку средно образование, да имаат наполнето 28 години до крајниот рок за аплицирање (31 август), активно да го познаваат хрватскиот јазик и англискиот јазик, да бидат државјани на Република Хрватска или друга членка на ЕУ и да бидат во добра здравствена состојба.
Хрватската контрола на летање објави конкурс за вработување на 48 нови контролори на летање – 40 во Велика Горица и по осум во Задар, Сплит и Дубровник.
Потребен е персонал во воздухопловството од трета категорија, што значи дека кандидатите не смеат да имаат здравствени состојби што би можеле да ја загрозат безбедноста при работа.
Здравствениот преглед за избраните кандидати го плаќа работодавачот.
Процесот на селекција вклучува неколку рунди тестирање – тест за интелигенција, прашалник за личност, тест за познавање на англиски јазик, специјализиран FEAST тест за контролори, тимски вежби и интервју.
Оние што ќе ја поминат селекцијата ќе мора да поминат обука во Велика Горица, а работодавачот ќе им обезбеди превоз.
Договорот за вработување на определено време трае до добивање на лиценцата, по што следува договор на неопределено време.
Според порталот „МојПосао“, работата контролор на летање е шестата најплатена позиција во Хрватска, со просечна нето плата од 2.974 евра, а најдобрите можат да заработат до 7.044 евра месечно.