СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, Аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен 27 години.
СЕТЕК сé од техника ја поседува најголемата дистрибутивна мрежа во Македонија која ја сочинуваат повеќе од 500 активни партнерски фирми – соработници и кооператори. Истовремено СЕТЕК сé од техника има и свој малопродажен ланец кој континуирано се развива и моментално брои околу 400 вработени.
Ние веруваме дека нашите вработени се движечката сила на нашата компанија и затоа креираме едно модерно и здраво работно опкружување со еднакви прилики и можности за сите вработени.
Фото Фејсбук
• Наша цел е да регрутираме, мотивираме и да ги задржиме најдобрите луѓе, додека во исто време креираме позитивен баланс меѓу работното време и личниот живот на нашите вработени.
Горди сме на тоа што го имаме веќе постигнато, но секогаш се стремиме кон подобро и затоа потребни ни се ентузијасти, способни и лојални кандидати:
РЕФЕРЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА во Скопје
Потребни квалификации:
• Минимум ССС;
• Поседување вештини на продажба
• Пожелно, но не е неопходно претходно работно искуство со продажба во некои од овие области: ИТ, ТВ, Бела Техника, Мали кујнски апарати, Aудио и Видео;
• Познавање на работа со компјутер, Microsoft Office пакетот, Интернет пребарувачи;
• Познавањето на англискиот јазик ќе се смета за предност;
• Способност за комуникација со купувачот
• Способност за тимска работа
Одговорности и работни задачи:
• Придонес за врвна услуга на купувачите
• Љубезно со насмевка да ги откриете потребите на потрошувачот
• Желба за учење на техниката и пратење на новитетите во индустријата
Ние нудиме:
• Тимска работа и менторирање од колега со долгогодишно искуство
• Работа во две смени, 40 часа неделно
• Основна плата и таргети за најдобрите
• Обуки за напредок и усовршување на продажни вештини
Доколку сте заинтересирани за интересна и динамична работа, а воедно го поседувате потребното образование, квалификации за успешно извршување на работните задачи, испратете ја Вашата кратка биографија (CV) – ЗАДОЛЖИТЕЛНО со слика не постара од 6 месеци на e-mail адресата vrabotuvanje@setec.mk.
СЕТЕК СÈ ОД ТЕХНИКА вработува МАГАЦИОНЕР (ПИКЕР)
Рок за пријавување: 31.01.2025