Реклама
Огласи

Се бараат 5 работници со средно образование – нето плата 30.000 денари

Реклама

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. – Скопје распишува

О Г Л А С

За вработување на 5 (петмина) работници на работно место продавач на определено време од 3 (три) месеци, (со можност за продолжување на договорот) во „Макпетрол“ АД. – Скопје, на бензинска станица во Регион Скопје во Дирекцијата за малопродажба.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

Маркетинг

фото макпетрол

Маркетинг

Завршено средно образование;
Работно искуство од најмалку 2 (две) години;
Основната нето плата за изнесува 30.000 денари.

Работното време за горенаведеното работно место, се одвива во смени.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до недела.
Работата во смени, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.

Заинтересираните кандидати треба да достават:

Писмо за мотивација;
Кратка биографија;
Копија од диплома за завршено образование;
Копија од други стекнати дипломи и уверенија (доколку поседува);
Препорака од претходен работодавач;
Уверение од кривична евиденција.

Потребните документи да се достават на адреса:

фото макпетрол

„Макпетрол“ А.Д. – Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје

лице за контакт: Јана Момировска
телефон за контакт: 02/3146-532

Рок за пријавување: 17.02.2025

По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.

Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button