Огласи
Вести

„Само мајка може да разбере како ѝ е на другата мајка“ – Aна Јованова изрази сочувство до семејството на Фросина

advertisement
advert

На дешната прес-конференција на адвокатот на Васил Јованов се појавија и неговите родители.

Скршена од тага и болка, мајката на Васил, Ана Јованова во изјава за медиумите изнесе родителско сочувство, особено до мајката на Фросина бидејќи, како што вели, „само мајка може да разбере како ѝ е на другата мајка во ваква ситуација“.

Мајката на Васил Јованов низ солзи изрази најдлабоко сочувство до семејството на Фросина Кулакова.

реклама

-Сакам да изразам најдлабоко, најискрено, најдлабоко мајчинско сочувство особено до мајката на Фросина. Само мајка може да разбере како ѝ е на другата мајка. Загубата е ненадоместлива и непрежалива.

Како што кажа сопругот, таа вечер се зацрнија два дома. Бремето од оваа ситуација ќе остане да тежи до крајот на нашите животи, на целото наше семејство. Мислам дека само тој што има дете би требало за миг да може да се стави и во нашата кожа и да претпостави колку е страшно, колку е болно и каков товар е ова.

Секој ден се молиме на Бога за семејството на Фросина да има сила да ја издржи оваа загуба и смирение да ја прифати. Како мајка стојам на располагање на другата мајка ако со било што можам на било каков начин да се најдам во овој претежок период.

Марpкетинг

Немам доволно зборови да ја искажам болката и жалењето за се што се случува. Васил по игра на случајот, е наше единствено дете. Имавме друго кое почина на свои 23 часа живот, рече Ана Јованова, мајка на осомничениот Васил.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button